Од нив, во Скопје се 251 пациент, каде што во изминатите 24 часа се примени нови 25 заболени
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 655 и има околу 410 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Од нив, во Скопје се 251 пациент, каде што во изминатите 24 часа се примени нови 25 пациенти.
Најмногу приеми има во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника – по девет. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 414 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, во Штип се хоспитализирани 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33, а во Куманово 50 пациенти.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 65, во ковид-центарот во Гостивар 9, а во Струга 22. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 37, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13, соопштија од Министерството за здравство.