*НАЈНОВА ВЕСТ : Прес-конференцијата на Спасовски е поместена за 15 часот.
Полицијата континуирано повикува на распит членови на потесното семејство на ексдиректорот на УБК, како и членови на неговото обезбедување
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во 14 и 30 часот ќе одржи прес-конференција за медиумите. Од МВР велат дека таа ќе се одржи на платформата „Зум“.
„Ве известуваме дека денеска, 23.2.2021 година (вторник), со почеток во 14:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку платформата Zoom“,
соопшти МВР.
Ова ќе биде прво појавување на Спасовски во јавноста, по бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков викендов, кое предизвика бура реакции и барања за одговорност од надлежните институции.
Вчера премиерот Зоран Заев изјави дека е разочаран, но очекува исчезнатиот Мијалков да биде пронајден и да се соочи со правдата. Тој најави дека доколку тоа не се случи ќе побара одговорност.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за „360 степени“ вчера рече дека таа од свои извори дознала дека е можно Мијалков да бега и за тоа веднаш го известила министерот Спасовски.
Полицијата континуирано повикува на распит членови на потесното семејство на ексдиректорот на УБК, како и членови на неговото обезбедување.