Министерката за труд и социјална политика Шахпаска вели дека од 21 300 деца, колку што се запишани, само 12 300 одат, а другите само држат место
Нема да се зголемува бројот на деца во градинките, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шaхпаска.
Ова таа ѝ го кажала на Комисијата за заразни болести, од каде што, на барање на родители, побарале мислење од неа.
Шахпаска вели дека во моментов се јавува недостиг на места во градинките, но поради тоа што околу 9 000 деца кои не одат во градинка држат места во градинките.
Таа апелираше до родителите што имаат друга алтернатива за чување на децата да им ги отстапат местата на оние родители на кои им е неопходно.
„Според протоколите, 21 300 деца можат да бидат згрижени и да имаат безбеден престој во градинка. Вчерашните сознанија се дека 12 300 деца биле во градинка. Тоа говори за фактот дека повеќе од 9 000 деца согласно протоколите имаат место, но не посетуваат градинка“,
изјави Шахпаска.
