Транспарентноста на локалните и централните власти во носењето на одлуките треба да биде поголема, вели амбасадорката на Швајцарија во земјава
Швајцарија како земја е еден од најголемите донатори во С Македонија за проекти за учество на граѓаните во носењето на одлуките на локално ниво. Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Зутер Техада, во дебатата на „360 степени“ зборуваше и за тоа колку е овој концепт, на вклучување на граѓаните, е прифатен кај нас и како се одвива на терен.
„Швајцарија го промовира секторот на ’добро владеење‘, како и соодветните проекти веќе со години. Од терен може да видиме дека форумите на заедниците се добар пример и на локално ниво им даваат добра претстава на жителите и градоначалниците за тоа како да го создадат активното учество на граѓаните. Задоволна сум што од нив слушнав дека од овој систем гледаат корист за граѓаните“, вели Техада.
Додава дека се обидуваат да ја вметнат идејата за граѓанско учество со цел да се направи носењето одлуки на сите нивоа да бидат балансирани, и да се земат предвид потребите на граѓаните.
„Она што го гледам е дека овој пристап е добро прифатен од надлежните и тие ја гледаат користа од ваков систем кој ги вклучува граѓаните, невладиниот сектор и приватниот сектор во процесот на носење одлуки, вклучувајќи го и националното ниво“,
вели Техада.
Според неа, она што може да се направи повеќе во овој дел е транспарентноста во носењето на одлуките да биде поголема, на сите нивоа и на локално и на национално ниво.