Каков е кредибилитетот на Европската Унија во овој момент во Северна Македонија и генерално на Западен Балкан, па дури и – остана ли нешто од него? Ова е главната дилема за дебатата што ја отвораме во контекст на блокираниот евроинтеграциски процес на Македонија и Албанија, неуспехот на ЕУ да испорача макар симболични количини вакцини за државите од регионот, неодобрувањето безвизен режим за Косово… Има ли политичка вредност заложбата за интеграција на земјава во Унијата, која 16. година по добивањето на кандидатскиот статус никако да ги почне пристапните преговори? Дали и како ова влијае на меѓуетничките односи и транзицијата кон целосно функционална демократија дома и влијанието на други фактори од надвор? Може ли новата американска администрација Бајден-Харис да ја пополни празнината што ја остава ЕУ во регионот?
Учествуваат: Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала, Влора Речица, истражувачка во Институтот за демократија и Симонида Кацарска, извршна директорка на Институтот за европска политика
Емисијата „360 степени“ е емитувана на 5 февруари 2021 г. од 22:00 часот на ТВ Алсат