Директорот на „Театар комедија“, Сашо Ристовски, е разрешен од функцијата поради неправилности во работењето. Како што информира Министерството за култура, извршен бил вонреден инспекциски надзор при што биле утврдени неправилности.
„При надзорот е утврдено дека директорот на Театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8 734 486 денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70-а, став 4 од Законот за култура“,
велат од Министерството.
Посочениот член од Законот за култура предвидува дека националната установа е должна наменски да ги користи средствата добиени од Министерството за култура и да ја реализира годишната програма за работа на националната установа во рамките на обезбедените средства од Министерството за култура и од други извори.
До изборот на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири-Марковиќ, вработена во Театарот.