Не се откажуваме од другите два механизми – Ковакс и „Фајзер“ (преку Србија), но сакаме да обезбедиме процес на имунизација кој ќе има континуитет, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во кратко интервју за емисијата „360 степени“, објаснувајќи ги причините за купување кинески вакцини.
Во емисијата, која почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат, ќе гледате и:
-Со шефицата на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, во вонредни надзори во Дрисла и во БЕГ: зголемената активност на Инспекторатот – само перцепција или реален напредок;
-„Граѓаните на Сарај бараат развој, тие не ми дадоа мандат за група од 20-30 луѓе да ми ги диктира политиките“ – градоначалникот Блерим Беџети за одбивањето на камперите да ги тргнат приколките од просторот кај Езерото Треска;
-Бремените жени и ковид-19: Воочена разлика меѓу постелката и попочната врвца на болни и здрави родилки – докторите ќе проверуваат зошто;
-„Саботажа“.