Оваа мутација засега не е откриена во Северна Македонија
Мутацијата на коронавирусот која се појави во Велика Британија пристигна во Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти веста за време на неговото гостување на ТВ Прва, а како што рече информацијата ја добил од министерот за здравство, Златибор Лончар.
Мутацијата на коронавирусот ја донела патничка од Лондон, која имала негативен ПЦР тест, но и лесни симптоми. Нејзиниот сопруг имал потешки симптоми. Земени се примероци и откриено е дека станува збор за новиот сој на коронавирусот.
Како што изјави Вучиќ, нивните контакти се детектирани и пратени во изолација.
Оваа мутација засега не е откриена во Северна Македонија. Министерот за здравство, Венко Филипче, пред два дена соопшти дека завршиле анализите во лабораторијата на МАНУ и тие покажале дека го нема новиот сој во земјава. Според резултатите, кај нас циркулира истиот вирус кој е присутен во изминативе повеќе месеци.