За време на мандатот на Трамп, во Овалната соба имаше златен килим
Доаѓањето на новиот претседател на САД, освен што носи промени во политиката, донесе и промени во познатата претседателска Овална канцеларија во Белата куќа.
Вчера Бајден ги покани новинарите во својата нова канцеларија, покажувајќи им ги промените: од подот е отстранет „златниот“ килим, кој неговиот претходник го постави и на негово место се врати традиционалниот темносин со претседателски жиг, кој четири години беше во депото.


Меѓу семејните фотографии на масата зад бирото на претседателот, се најде бистата на Цезар Чавез, лидер на работниците и активист за граѓански права.

На ѕидот кон масата е поставен портретот на Бенџамин Френклин.

Единствено нешто што остана исто е дабовото претседателско биро наречено „Резолут“ по британскиот брод кој го истражувал Северниот пол, „ХМС Резолут“, од чиј материјал е направено.

Како и претходниците, така и Трамп го користеше оваа биро.

