Епицентарот на земјотресот е на 145 километри југозападно од Скопје
Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала во 3:29 часот е почувствуван во југозападните делови од земјава.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 145 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.
Земјотресот имал локална магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала.
