Лидерите на Европска Унија и на Велика Британија утре ќе го потпишат Договорот за трговија, соопшти Советот на ЕУ.
Предвидено е претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот и претседателот на Европски совет Шарл Мишелч утре да го потпишат Договорот за трговија по Брегзит, а потоа тој да биде доставен во Лондон, каде треба да го потпише британскиот премиер Борис Џонсон.
Договорот со кој се уредуваат трговската и другите видови на соработка помеѓу ЕУ и Велика Британија има 1 240 страници.
Со него Велика Британија и понатаму ќе може да тргува со ЕУ без царини и квоти по истекот на транзицискиот период што истекува на 31 декември.
Потоа Лондон треба да ги напушти единствениот пазар на ЕУ и царинската унија. Договорот постигнат од двете страни спречи големи проблеми во трговијата и односите, иако официјални лица и од Унијата и од Велика Британија предупредуваат дека може да се очекуваат некои застои во протокот на стоки и услуги во првите месеци.
Земјите-членки на ЕУ Договорот треба да го усвојат следната недела, додека британмскиот Парламент ќе гласа на 30 декември. Ако Договорот биде одобрен, тој на 1 јануари само привремено ќе стапи во сила, бидејќи мора да биде потврден од Европскиот парламент. Европратениците претходно изјавија дека немаат доволно време за детално проучување на Договорот и оти за тоа ќе разговараат во јануари и февруари.
И покрај Договорот уште голем број прашања останаа неразјаснети, меѓу кои и безбедносната соработка, бидејќи Лондон нема да има пристап до европските полициски бази на податоци, како и пристап до европскиот пазар за финансиси услуги
