Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека Унијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19 од компаниите „Фајзер„ и„БиоНТек“.
„Ќе имаме 300 милиони дози од вакцината, што е оценета како безбедна и ефикасна“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на „твитер“.
Вакцината на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТех“ е прва и досега единствено одобрена за употреба во ЕУ. Вакцинацијата во ЕУ почна пред два дена.
Се очекува и вакцината на „Модерна“ да биде одобрена, но тоа ќе се случи на почетокот на јануари.
ЕУ, исто така, потпиша договори за набавка на вакцини со компаниите „АстераЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Санофик“ и „КјурВак“.
