Двајца гостиварци се приведени во полициска станица, откако при контрола, кај нив се откриени речиси седум илјади петарди и други пиротехнички средства.


Според СВР Тетово, акцијата била денеска напладне во Гостивар кога биле приведени Б.А. (48) и С.К (35).
„При контрола на возило ‘опел мерива’ кај Б. А. биле пронајдени и одземени 4 800 пиротехнички средства, а кај С.К. 1 835 парчиња пиротехнички средства. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“,
соопшти МВР.
Во пресрет на новогодишните празници, МВР спроведува засилени контроли за откривање на продавачи на пиротехника.


Досега во повеќе акции одземени се илјадници парчиња во ситте делови на земјата.
Само денеска, заедно со оваа во Гостивар, спроведени се уште две вакви акции во Штип и Битола.
Во Битола приведен е Н.Ш(57) кај кого се пронајдени 6 939 парчиња пиротехнички средства.

Во Штип, во возило управувано од А.Ф.(52) пронајдени се 2 900 парчиња пиротехнички средства и уште дополнителни 12 544 парчиња пиротехнички средства се одземени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
