Анализата на Телма и МЦМС покажува дека ако утре има избори, 18,6 отсто би гласале за СДСМ, а 18,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку утре се одржат избори, владејачката СДСМ би имала предност пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ од 0,5 процентни поени, покажува анкетата на Телма и МЦМС.
Според телефонското истражување кое го спровела агенцијата „М проспект“ на 1 000 испитаници, 18,6 отсто се изјасниле за СДСМ,а 18,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за ДУИ е 6,7%, за Алијанса за Албанците 4,6%, Алтернатива 0,5, Беса 2,4 отсто од прашаните…
Според анализата, најголем пораст на поддршката има кај Левица – 6,2 отсто.
Но, сепак најголем процент од испитаниците, 21,1 отсто се изјасниле дека нема да излезат на гласање, 11,1 отсто одбиваат да гласаат, а 6,4 осто не знаат.
Анализата на Телма и МЦМС покажува дека споредено со сите нивни досегашни анкети, од 2016 година наваму, ова е прв пат поддршката за двете најголеми партии во земјава СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да биде под 20 отсто. Значителен пораст во рејтингот бележи Левица.
Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 24 декември, телефонски, на репрезентативенн примерок од 1 000 испитаници, според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење.
Маргината на грешка е +-3 отсто и ниво на доверба од 95 проценти.