Сопственик на угостителски објект од тетовското село Желино бил приведен во полиција бидејќи работел по 18 часот. Во објектот биле затекнати гости, меѓу кои и косовска државјанка која била приведена поради злоупотреба на туристичкиот престој.
„Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 19 часот и 15 минути го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ф. од тетовско Желино, чиј угостителски објект во ова село работел по дозволеното време и во него имало гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г. (35),
соопштија од МВР.
Воедно, оттаму додаваат дека таа била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Ј.Ф. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија
Од полицијата додаваат дека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а косовската државјанка, пак, е предадена за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.
