Тешка сообраќајка доцна вечерва се случила на патот Гостивар-Форино, кај селото Чајле, објави порталот Коха ТВ.
Во несреќата учествувале две возила, а според информациите што ги пренесува порталот, едно лице загинало, додека три лица, сопатнички во еден од автомобилите, се здобиле со повреди и се пренесени во болница.
Од МВР се очекува утре да излезат со информации.
