Приведени се 7 лица по претрес на 11 локации во Скопје, Битола, Тетово и Куманово
Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово денеска изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид – тестови.
Како што соопшти МВР, при претресите се одземени мобилни телефони, компјутери, мемориски картички, 118 бланко – договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативни ПЦР- тестови, печати, факсимил од австриски нотари и друга документација.
По документирање на случајот, до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.
