Емисијата „360 степени“, во која дебатираат министерот Венко Филипче и адвокатите и граѓански активисти Наташа Бошкова и Јанаки Митровски, емитувана на 25 декември 2020 г. од 22:00 часот на ТВ Алсат
Тема: Декриминализација на канабисот, кој модел би бил соодветен за Македонија, какви се искуствата од други држави и кои се намерите на власта. Темата е повторно актуализирана од неколку адреси од невладиниот сектор. Премиерот Зоран Заев, начелно, ја поддржува идејата, но од власта засега нема став дали се прифаќа барањето на граѓанскиот сектор да се дозволи одгледување по неколку стебла марихуана за лична употреба.