Досега ова важеше само за оние што пристигнуваат со авион, но од 29 декември ќе важи за сите што сакаат да влезат во земјата, без разлика дали по воздушен, земјен или воден пат
Од сите патници се бара да останат во домашен карантин 10 дена по пристигнувањето
Холандската влада соопшти дека од 29 декември ќе бара негативен ПЦР-тест за секој што сака да влезе во државата со воз, брод или автобус, откако претходно воведе такво барање за луѓето што пристигнуваат со авион.
Во соопштението од Министерството за инфраструктура се вели дека мерката за оние што пристигнуваат со четирите начини на транспорт ќе стапи во сила на 29 декември на полноќ. Таа се однесува на сите пристигнувања од странство, вклучувајќи ги и од земјите во Европската Унија.
Тестот мора да се направи до 72 часа пред пристигнувањето во Холандија. Од сите патници се бара да останат во домашен карантин 10 дена по пристигнувањето.
