Не сите професори од Институтот за педагогија имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата за основно образование, како што е пренесено во дел од медиумите, реагира раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ во соопштение до јавноста.
„Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и дека не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата“,
се вели во соопштението.
Претходно, членовите на овој Институт со мнозинство гласови донеле заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование.
Во соопштението што го пренесе МИА, се посочува дека Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата за основно образование има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на воспитно-образовната и општествената реалност кај нас, почувајќи дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието.
Поради ова, сметаaт дека треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.
„Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана“,
беше наведено во соопштението.
