Новиот вид коронавирус, кој е откриен во Велика Британија, се карактеризира со голема моќ на пренесување и предизвика значителна паника низ целиот свет
Британската влада денеска ќе ги разгледа рестрикциите за ковид-19 што се во сила за да одлучи дали треба тие да се заострат во северните делови на Англија, откако уште позаразен мутиран вид на коронавирусот ја зафати целата земја, најавија британските власти.
Министерот за локална заедница Роберт Џенрик изјави дека правилата веројатно нема да се променат пред Божик, но најави дека владиниот комитет ќе се состане денеска за да одлучи кои мерки треба да се преземат.
„Немаме непосреден план за акција за усвојување, но бројот на случаи расте, а новиот вид се шири и во другите делови на земјата, така што ќе видиме дали треба да се стори повеќе“,
изјави британскиот министер за Би-би-си.
Новиот вид коронавирус, кој е откриен во Велика Британија, се карактеризира со голема моќ на пренесување и предизвика значителна паника низ целиот свет.
Многу европски и други земји одлучија да ги прекинат сите летови со Велика Британија.
