Рашела Мизрахи ја почна својата работа како технички министер за труд и социјална политика. Нејзините први зборови по преземањето на функцијата се дека “министерството на проблеми мора да стане министерство на решенија, и на секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро”.
„Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита“,
вели Мизрахи во својата објава.