Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски е позитивен на ковид-19.
Информацијата ја објави самиот тој на Фејсбук, посочувајќи дека има лесни симптоми.
„Поради лесни симптоми, направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме“,
вели Николовски.
Пред неколку дена уште еден вицепремиер објави дека е заразен со коронавирусот. Фатмир Битиќи во понеделникот објави дека има благи симптоми и направил тест на кој добил позитивен резултат.