Во партиското соопштение се оценува дека имаме добар договор со Бугарија и не е потребен нов договор ниту анекс, туку доследно почитување на договореното. Од СДСМ посочуваат дека Мицкоски тврдел и дека може да се постигне подобар договор со Грција
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го повлече тврдењето дека е потребен нов договор со Бугарија, побара денеска владејачкиот СДСМ.
Во партиското соопштение се оценува дека имаме добар договор со Бугарија и не е потребен нов договор ниту анекс, туку доследно почитување на договореното. Од СДСМ посочуваат дека Мицкоски тврдел и дека може да се постигне подобар договор со Грција.
„Губитникот Христијан Мицкоски да престане да работи против својата држава, против својот народ и да не ги поткопува државните интереси. Мицкоски треба да го повлече тврдењето дека е потребен нов договор со соседна Бугарија, што е сосема спротивно на државните позиции и на директна штета на државните интереси. Исто така, Мицкоски велеше дека може да направи подобар договор и од Преспанскиот за подоцна да се повлече. Нашите позиции се јавни и добро познати. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара. Ние сме Македонци, кои говорат македонски јазик. Што и да прави Мицкоски не може да ја загрози нашата европска иднина“,
се наведува во соопштението на СДСМ.
