Уште едно медицинско лице ја загуби битката со коронавирусот. 40-годишна медицинска сестра Ирена Дојчиновска-Милошевска починала од ковид-19, објави Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки центри.
Таа работела во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје.
„Голем борец и хуманитарец во и надвор од своите работни обврски. Унијата на ЗМСТАС ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател“,
пишуваат од Здружението.
Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден.
