Со исклучок на Северна Кореја и Туркменистан, сите земји во кои нема ниту еден случај на коронавирус и по речиси една година од појавата на пандемијата, се во Океанија
Врз основа на преземените мерки, може да се заклучи дека причините да не се појави коронавирусот на нивна територија се затворањето на границите и слабата посетеност од туристи
Речиси 67 милиони луѓе во светот досега се заразени со коронавирусот ( поточно 66 922 087, но бројката постојано се менува), додека над еден и пол милион досега починаа како последица на компликации, покажуваат податоците објавени на веб – страницата „Ворлдометерс“ .
Според информациите објавени тука, коронавирусот досега е проширен на 218 земји и територии ширум светот.
Но, ако се водиме од податоците на ООН, таму официјално се признати 193 земји. Заклучно со 30 ноември, само 9 земји досега не пријавиле случаи на ковид-19, најголем дел се во Пацификот во Океанија:
Северна Кореја
Туркменистан
Самоа
Кирибати
Сојузните држави на Микронезија
Тонга
Палау
Тувалу
Науру
Прашањето што сите го поставуваат е како овие земји успеаја да бидат меѓу ретките што немаат случаи на вирус кој погоди повеќе од еден милион луѓе ширум светот?
1. Северна Кореја (Азија, со население од 25 788 816)
Северна Кореја на 26 јули го пријави својот прв сомнителен случај на ковид-19, во јужното подрачје на Каесонг. Но потоа беше потврдено дека сепак не се работи за случај на коронавирус.

Северна Кореја беше првата земја што ги затвори своите граници. Како сосед на Кина, земјата ги затвори своите граници на 21 јануари и оттогаш не ги отвори повторно. Потоа спроведе строги мерки за оние кои, иако ретко, сепак доаѓаат во земјата (странци и државјани) вклучително и месечен или двомесечен карантин.
2.Туркменистан (Азија, со население од 6 031 200)
Туркменистан е земја во Централна Азија која граничи со Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Иран и Авганистан – сите земји со пријавени случаи на коронавирус. Повеќето од копнените граници беа затворени пред повеќе од еден месец, а на почетокот на февруари Туркменистан откажа многу летови од другите делови од светот и сите летови од и кон Кина.

Постојат гласини дека официјалните извештаи можеби не се совпаѓаат со она што го тврдат властите.
3. Самоа (Океанија, со население од 198 413)
Самоа е во карантин од 25-ти март. Вонредната состојба останува во сила и сите меѓународни патувања во и надвор од земјата се суспендирани.

4. Кирибати (Океанија, со население од 119 451)
Во Кирибати нема случаи на коронавирус, но прогласена е вонредна состојба. Од 30-ти март училиштата се затворени.

5. Сојузни држави на Микронезија (Океанија со население од 115 030)
Микронезија воведе забраните за патување на почетокот на февруари, вклучувајќи целосна забрана за влез на оние кои доаѓаат од Кина и кинеските граѓани.

6. Тонга (Океанија, со население од 105 695)
Тонга е со строги правилата за патување од февруари. Од првиот пријавен случај на коронавирус во Фиџи, Тонга ги затвори своите граници за странци и им дозволи на странците да заминуваат назад кон нивните земји. Од 29-ти март, Тонга се наоѓа во карантин.

Во јули се воспоставија летови за враќање на своите државјани од Фиџи. Секој лет беше ограничен на помалку од 60 лица и сите беа во строг карантин во еден ист хотел во градот, кој беше чуван од полицијата, а пристапот до него беше затворен.
7. Палау (Океанија, со население од 18 094)
Државата пријави еден случај на сомнителен кој пристигнал од Гуам, но подоцна тој беше негативен. Во моментов нема случаи на коронавирус во Палау.

8. Тувалу (Океанија, со население од 11 793)
Тувалу е позната како една, ако не и најмалку посетена земја во светот со помалку од 200 туристи годишно. Ова веројатно е огромна помош за спречување на епидемијата во оваа земја со малубројно население.

9. Науру (Океанија, со население од 10 823)
Науру е толку мала земја што може да се прошета за еден ден. Заедно со Тувалу, таа го држи рекордот како една од најмалку посетените земји во светот.