Почина поранешниот македонски министер за култура Благоја Стефановски – Баге, кој во еден мандат беше пратеник, а долги години беше директор на Битолскиот театар.
Стефановски почина на 67 години во родната Битола.
Зад него стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА.
Благоја Стефановски – Баге е добитник на бројни признанија и награди, а последнота беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата за животно дело.
Тој беше на чело на Министерството за култура во периодот од 2002 до 2006 година, во време на владеење на СДСМ.