Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагира на вчерашната изјава на Заев во интервју за ТВ 21 дека нема намера да се сретне со Мицкоски во врска со прашањето со Бугарија бидејќи тој немал став и дека за ништо не успеале да се договорат
Зоран Заев не сака лидерска средба поради мојот јасен и прецизен став за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагирајќи на изјавата на премиерот Заев, кој вчера во интервју за ТВ 21 рече дека нема да го повика Мицкоски на разговори за актуелните односи со Бугарија.
Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на Владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, November 18, 2020
„Заев повеќе сакал да се види со премиерот на владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија. Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија. Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се согласам на асимилација на македонскиот народ“,
напиша денеска Мицкоски на Фејсбук.
Заев вчера а ТВ 21, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема намера да свика лидерска средба бидејќи Мицкоски дека никогаш досега немал став и дека за ништо не успеале да се договорат.
„Во жижата на разговорите не го правите тоа со неодговорните политичари. Сè што покажал досега е немање став и одговорност… Не ми треба Мицкоски за да се скарам со Бугарија, можам и сам да се скарам. Ако го повикам, кавгата не ни бега“,
рече Заев.
Претходно денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение побараа од Заев да поднесе оставка поради блокадата од Софија за преговарачката рамка, ВМРО-ДПМНЕ и утрово бара оставка од премиерот Зоран Заев, повикувајќи се на негова изјава од пред речиси една и пол година, за време на првиот мандат на владата на СДСМ и на ДУИ, кога за Северна Македонија сѐ уште немаше одлука за почеток на преговори со ЕУ.
