Според последните податоците на Министерството за здравство, во изминативе 24 часа починале 40 лица со компликации од ковид-19. Од нив само еден е починат вон болнички услови, а останатите се починати низ болниците во земјава.
Во Скопје починати се десет лица (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г).
Во изминатово деноноќие, пак, направени се 1 683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19. По градови новите случаи се во: Скопје-218, Куманово-47, Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-10, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47 636, бројката на оздравени пациенти е 27 803, на починати е 1 345, а бројот на активни случаи изнесува 18 488. Денеска се евидентираат пет контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 20849, активни 8614
• Куманово 3101, активни 890
• Дебар 418, активни 102
• Штип 2199, активни 509
• Прилеп 2180, активни 879
• Тетово 3181, активни 1032
• Струга 1097, активни 289
• Велес 1469, активни 762
• Битола 1381, активни 731
• Охрид 1157, активни 486
• Кавадарци 895, активни 404
• Гостивар 1788, активни 605
• Гевгелија 573, активни 221 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1379, активни 637
• Крива Паланка 333, активни 104
• Радовиш 344, активни 128
• Крушево 70, активни 39
• Кочани 1031, активни 320
• Пробиштип 294, активни 94
• Демир Хисар 148, активни 69
• Македонски Брод 131, активни 27
• Пехчево 87, активни 26
• Берово 285, активни 77
• Валандово 142, активни 49
• Виница 287, активни 133
• Делчево 353, активни 168 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 128, активни 82
• Свети Николе 663, активни 195
• Кичево 969, активни 445
• Ресен 349, активни 135
• Неготино 355, активни 236 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)