Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус, изјави портпаролот на кабинетот, пренесува Би-би-си.
„Тој ќе продолжи да работи од својата канцеларија во Даунинг стрит, вклучително и на стратегијата на владата против пандемијата на коронавирусот“,
додаде портпаролот.
Џонсон беше хоспитализиран поради коронавирус во април.
„Овој пат премиерот е добро и нема симптоми на ковид-19“,
рече портпаролот.