Џо Бајден победи само во очите на медиумите кои пласираат лажни вести, напиша Трамп на Твитер, откако дел од медиумите објавија дека најверојатно, првпат јавно признал дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил на претседателските избори во САД.
He only won in the eyes of the FAKE NEWS MEDIA. I concede NOTHING! We have a long way to go. This was a RIGGED ELECTION!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 15, 2020
„Не признавам ништо. Пред нас е долг пат. Ова беа наместени избори“,
напиша Трамп на Твитер
Претходно Трамп на Твитер напиша дека Бајден победил, бидејќи, како што тврди, изборите биле наместени, што повеќето медиуми го протолкуваа како признавање на победата на демократскиот кандидат.
Трамп повторно ги повтори тврдењата дека на набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала „радикално левичарската приватна компанија.“
Според него, таа компанија има лоша репутација и лоша опрема, која не е квалификувана ниту за Тексас, каде тврди дека тој убедливо победил.
Трамп за својот неуспех ги обвини „лажните и тивки медиуми“ и други.