Емисијата „360 степени“, во која гостува Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК), се емитува вечерва (13 ноември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ со јавната обвинителка на ОЈО за ГОКК, Вилма Русковска, разговараме за:
-судбината на кривичните пријави против актуелни владини функционери, меѓу кои и за премиерот Зоран Заев;
-напредокот на истрагата „Попис“ за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и односите со колегите од поранешното СЈО;
-брзината на постапката против директорката на Националната агенција за европски образовани програми и мобилност, Лидија Димова;
-блокираната сметка и кадровските и материјални (не)прилики во обвинителството.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.