Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, информира дека е позитивен на ковид-19.
На својот профил на Фејсбук, Богојески напиша дека направил брз тест за коронавирус, кој се покажал позитивен, а утрово ги почувствувал првите симптоми.
„Пријатели, Ве известувам дека заболев од ковид-19 и започнувам со лекување! (согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција) До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми… Утрово бев на тестирање со стапчињата на Бил Гејц… ми вградија чип и ме заразија! Целта им е да ме спречат да му помогнам на Трамп да победи!!! Шала на страна, ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите! Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам“,
напиша Богојески на Фејсбук.
