Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска порача дека е срамно што неговиот противкандидат од Републиканската партија Доналд Трамп не го признава изборниот резултат.
Говорејќи на настан во Делавер, Бајден рече дека транзицијата е во тек, и покрај фактот што Трамп одбива да ги прифати резултатите од изборите.
„Камала Харис и јас не губиме време. Подготвени сме да го ставиме Ковид-19 под контрола за да можеме безбедно да ги отвориме повторно нашите деловни активности и училишта, да продолжиме со нашите животи и да ја оставиме зад себе оваа пандемија“,
истакна Бајден.
Тој додаде дека се надева дека ќе излезе со имиња за барем некои позиции во Кабинетот до Денот на благодарноста, кој се одбележува на 26 ноември.