Се затвораат баровите, рестораните, вежбалниците…,иако нема да биде воведен целосен карантин како во пролетните месеци. Британскиот премиер оцени дека овој Божик ќе биде многу поразличен од порано
Британскиот премиер Борис Џонсон најави нова четиринеделна блокада во Англија , почнувајќи од четврток.
Се затвораат баровите, рестораните, вежбалниците…,иако нема да биде воведен целосен карантин како во пролетните месеци. Училиштата и универзитетите ќе бидат отворени во текот на целиот овој период, за разлика од карантинот во почетокот на годината. По 2 декември, рестрикциите ќе бидат олеснети и регионите ќе се враќаат во вообичаениот систем , јави Би-би-си.
„Божик ќе биде поинаков оваа година, многу поинаков. Но, ако сега преземеме мерки, се надевам дека ќе им овозможиме на семејствста ширум земјата да бидат заедно. Мора да дејствуваме за да го пресретнеме есенскиот бран. Не се враќаме кон целосен карантин, како во март и во април, ама од четврток основната порака е иста: ‘остани дома, заштити се и заштити ги другите’“,
изјави Џонсон во обраќање до јавноста.
Вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 во Велика Британија ја надмина границата од еден милион. Едно сценарио што го разгледува владата предвидува по околу 4 000 смртни случаи на ден, ако во текот на зимските месеци не се преземаат никакви мерки.
Во текот на изминатите седум дена, Велика Британија во просек има скоро 23 000 нови случаи на ден и 237 смртни случаи од коронавирус.