Дваесет и седумгодишно лице почина на Инфективната клиника во Скопје како резултат на компликации од ковид-19, пишува МКД.мк.
Од Министерството за здравство за порталот ја потврдиле информацијата и соопштиле дека пацинетот бил примен во исклучително тешка состојба.
Пред да биде донесен на Клиниката, шест дена се лекувал дома, четири дена бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.
„Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“,
стои во одговорот на Министерството за здравство што го доставиле до МКД.мк.
