Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за руската вакцина против Ковид-19 и нивната понуда за соработка.
„Се уште го чекаме одговорот на прашањата коишто ги пративме до рускиот амбасадор кој неколку пати ја иницираше соработката во однос на руската вакцина. Пративме стручни прашања заради тоа што немаме конкретни податоци до каде е вакцината во фазите на клиничка студија, кога може да се очекува, дали ќе биде можно да се купи надвор од Русија, колкава ќе биде цената“
вели Филипче.