Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за очекуваното зголемување на бројките на заразени од коронавирусот и за мерките коишто се планираат за спречување на ширење на заразата.
„Во текот на летото направивме еден план за рестрикции и имплементирање на рестрикции кои прво може да се таргетирани во одредени делови на земјата, па да важат за градови, општини итн… Сега сметаме дека е време да се воведат мерки на територијата на целата држава за носење маски и почитување на дистанца, односно забрана за групирање. Следните мерки коишто доаѓаат во предвид се – прво ограничување во делот на јавниот превоз, понатаму, скратување на работното време на одредени компании, пред се угостителски објекти и секако, како последна мерка би била рестрикција во движењето насекаде. Морам да потенцирам, ако луѓето се придржуваат кон овие мерки ќе ги избегнеме тешките рестрикции“,
вели Филипче.