Во болниците во земјава хоспитализирани се вкупно 366 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19, покажува дневниот извештај на Министерството за здравство.
Од нив, само двајца се на респиратор. Тие се сместени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Во оваа болница вкупно се хоспитализирани 33 лица.
На Инфективната клиника во Скопје, пак, има 82 пациенти, а од нив 40 се на кислородна поддршка.
Од здравствените установи во главниот град, пациенти со ковид има и во детската болница во Козле. Таму се хоспитализирани едно дете и една мајка кои се заразени, како и три деца и три мајки кои се суспектни на вирусот.
Од болниците надвор од Скопје, во штипската има 43 пациенти, а во битолската 13.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, кои се позитивни или сомнителни на ковид-19.