Министерството за здравство информира дека од 3 608 тестирања во последното деноноќие, регистрирани се 377 нови случаи на ковид-19.
Најголем број на новозаразени има во Скопје (155). Понатаму, Охрид – 23, Прилеп – 20, Кавадарци и Куманово – по 17, Битола – 13, Делчево – 10, Струга – 8, Велес и Ресен – по 5, Штип, Струмица, Валандово и Кочани – по 4, Гевгелија – 3, Тетово, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Пациентите починале во болнички услови.
Регистрирани сe и 307 оздравени пациенти.
Бројот на активни случаи изнесува 5 677.