Во новото издание на „360 степени“:
– Реално ли е да се очекува дека постоечкиот систем кој е под притисок да отстапи, ќе дава отпор, меѓусебно ќе се штити и ќе се обидува до крај да ги користи сите механизми за да опстои, со оглед на тенкото мнозинство во парламентот?
– Што може да се направи со гломазниот административен апарат создаван исклучиво по партиски клуч, ако заложбата на Заев и неговата влада се дека никој не треба да се плаши за своето работно место, зашто реваншизам нема да има?
– Во редот на прашањата што меѓу првите ќе се наметнат е и организирањето на локалните избори во октомври и пред се, со каков избирачки список ќе се оди на гласање.
– Дебата со Фани Каранфилова-Пановска од ФООМ, Дарко Алексов од невладината организација „Мост“ и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
– Нова Саботажа