Новонастаната ситуација со коронавирусот освен закана за здравјето, претставува и сериозен предизвик за економијата.
„360 степени“, како општествено одговорен медиум, реши да помогне, се разбира, во рамки на своите можности.
Во таа насока, во наредниот период, на нашиот веб-портал ќе им овозможиме бесплатно рекламирање на сите фирми кои дават услуги за достава на прехранбени или останати продукти.
Освен помошта за Вашиот бизнис, во ова кризно време, се надеваме дека преку користењето на услугите кои ги пружате ќе им овозможиме на нашите читатели безбедно и сигурно снабдување и задоволување на потребите.
Доколку сте заинтересирани за нашата понуда, Ве молиме слободно да не контактирате на stepeni360@gmail.com.
Со почит,
Ваш, “360 степени”