Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува лидерката на зелената партија ДОМ, се емитува вечерва (18 јуни 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Партијата ДОМ, која е дел од владејачкото мнозинство во Собранието, на изборите во 2008 година настапи со мотото: „За зелена Македонија“. Оттогаш ДОМ промовира зелени политики и, во меѓувреме, прерасна целосно во зелена партија. Од октомври 2018 година на чело на партијата е Маја Морачанин, наследувајќи ја долгогодишната лидерка Лилјана Поповска. Морачанин, која е докторка по медицина, специјалистка по физикална медицина и рехабилитација, од 2016 година е пратеничка во Собранието и дејствува како дел од владејачкото мнозинство. Морачанин гласаше против контроверзниот закон за легализација на дивоградби, кој подоцна не го потпиша претседателот Стево Пендаровски, а нејзината партија најави настап на локалните избори надвор од коалицијата на СДСМ, заедно со ЛДП и Демократски сојуз. Маја Морачанин е вечерва наша гостинка.
Разговараме за ребрендирањето на ДУИ, најавата за воведување на т.н. еколошка такса за горивата, институционалниот пинг-понг за ДУП-овите во Центар, сечењето на дрвјата на ул. Орце Николов, превирањата во ДОМ, настапот на локалните избори, Парадата на гордоста идниот викенд…
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.