Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од земји со висок ризик откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје во Финска биле позитивни на ковид-19, изјави министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Киуру, објави Ројтерс, пренесува Њујорк тајмс.

Министерката изјави дека на аеродромот Турку во Финска во саботата било организирано тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдеиле дека два авионски летови од Северна Македонија и Романија се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска.

„Бројот на нови инфекции претежно доаѓа од Балканот“,
рече Киуру, осврнувајќи се на неодамнешниот пораст на заразени во Финска.
„Задолжителниот двонеделен карантин и можниот случаен тест за коронавирус по пристигнувањето во Финска ќе бидат применливи за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на ковид-19 на 100 000 жители во последните 14 дена“,
соопштија финските власти.
Правилото важи за повеќе земји со исклучок на 25, како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка каде бројките на новозаразени остануваат ниски.
Неисполнувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со затвор до три месеци затвор или парична казна.
Министерката Киуру рече дека новите правила ќе почнат да се применуваат што е можно поскоро, но потребни се некои службени одобренија.
Минатата недела новите инфекции со коронавирус во Финска биле околу 2,3 на 100 000 жители во текот на последните 7 дена, со вкупно 7 601 случаи и 333 смртни случаи.
Инаку, денеска во Македонија беа регистрирани 109 нови случаи на заразени со коронавирус што е 5,45 случаи на 100 000 жители.