Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на ковид-19. Според податоците од Министерството за здравство оздравени се 245 пациенти.
Пријавени се вкупно 14 смртни случаи, и тоа 10 десет во болница, а четворица пациенти починале во домашни услови. Шестмина од починатите се од Скопје, (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), тројца се од Тетово (69г, 74г, 79г), две лица се од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г).
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.