Зеленски рече дека нафтен терминал во северозападна Русија е значително оштетен, додека два руски танкери за нафта се погодени во близина на руското црноморско пристаниште Новоросијск
Руските напади со беспилотни летала и ракети во Украина убија 10 лица, а повредија најмалку 76 во текот на изминатиот ден, јави Би-би-си.
Службеници во пет региони низ земјата пријавиле жртви, додека Москва продолжува да ги таргетира украинските градови со редовни воздушни напади.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нафтен терминал во северозападна Русија е значително оштетен, додека два руски танкери за нафта се погодени во близина на руското црноморско пристаниште Новоросијск.
Our warriors continue to apply sanctions against Russia’s shadow oil fleet – two such vessels were struck in the waters at the entrance to the port of Novorossiysk. These tankers had been actively used to transport oil – not anymore. I am grateful to Chief of the General Staff… pic.twitter.com/8aCse8h95j
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 3, 2026
Нема детали за штетата на бродовите, но Зеленски рече дека бродовите биле дел од руската „флота во сенка“ што се користи за избегнување на западните санкции.
Украинската војска соопшти дека балистичка ракета и речиси 270 беспилотни летала биле испукани од Русија, но повеќето биле пресретнати.
Во исто време, Русија соопшти дека Украина испалила најмалку 334 дронови, при што северозападниот регион Ленинград бил цел. Извозните терминали таму и во други региони беа цел на Украина во последните недели во серија успешни напади што ги започнаa врз руската нафтена инфраструктура, за кои Киев вели дека уништиле извоз во вредност од милијарди долари.
Зеленски рече дека инфраструктурата на терминалот Приморск во регионот Ленинград, во близина на Финска, е значително оштетена, како и три брода таму. Тој исто така рече дека два танкера биле погодени од украински дронови на влезот во пристаништето Новоросијск.
Руските власти во голема мера го минимизираа влијанието на ваквите напади, но Кремљ е очигледно загрижен за длабокиот дострел на украинските дронови на нејзина територија, пишува Би-би-си.
Кремљ објави дека ја намалува својата годишна воена парада за одбележување на Денот на победата поради, како што рече, „терористичка закана“ од Украина.
