Израелската војска започна со серија напади врз појасот Газа велејќи дека таргетираат џихадистички цели, во момент кога продолжуваат да растат тензиите помеѓу Израел и палестинските милитантски групи.
„Си-ен-ен“ објави дека еден од лидерите на групата „Исламистички Џихад“, Тајсер ал Џабари бил убиен во израелски напад, а животот го загубиле вкупно 10 лица, меѓу кои и 5-годишно девојче како и 23-годишна жена.
Израелските одбранбени сили утринава соопштија дека се подготвени за, како што ја нарекоа, „недела на операции„ и соопштија дека од вчера попладне врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети од Појасот Газа, пишува.
Израелската војска соопшти дека ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успешност во пресретнување на проектилите истрелани врз израелските градови од терористичките групи од Појасот Газа. Портпаролот на армијата Ран Кочав на брифинг со новинарите изјави дека околу 30 ракети, што биле истрелани, не стигнале до територијата на Израел и паднале во Појасот Газа.
Во моментов нема информации за оддржување на преговори за прекин на насилството.