Копретседателот на новооснованата политичка партија Влен, Билал Касами, гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1

360°: Зошто не се носи законот за соодветна и правична застапеност?
Касами: Па затоа што ДУИ носеше преку ноќ такви решенија кои после испадна дека не се по закон и не се по Устав. Имавме такви неколку ситуации каде ДУИ носеше одлуки за после Уставен суд да ги укине, ДУИ претходно ги добиваше изборите па после уште еднаш да донесе уште ново решение па пак така. Значи ние, особено законот за правична застапеност, е пример како ние ги решаваме прашањата.
360°: Но, не е донесен. За тоа зборувате од самиот почеток, а еве речиси две години сте на власт…
Касами: Значи не е донесен затоа што е тоа комплексно прашање. Значи тоа е една од последните одредби на Охридскиот рамковен договор која не е исполнета затоа што нели по Охридски рамковен договор и по Устав нели треба да има законско решение за соодветна и правична застапеност. ДУИ 20 години беше на власт, иако нели цело време се гордееја со тоа дека тие се причината за Охридскиот рамковен договор и не знам што, но никогаш не седнаа да го решат и тоа како прашање.
360°: Дали процентот на Албанци во јавниот сектор е зголемен и е блиску до нивото на процентуална застапеност на Албанците во вкупното население?
Касами: Па според податоците на институциите, во случајот на Народниот правобранител од 2025 година, е зголемен процентот на Албанци, иако немаше…
360°: Не, зборуваме од 2001 до денес. За процеси зборуваме оти вие велите не го решиле тоа прашање.
Касами: Сигурно дека е зголемен. Албанците веќе се сериозно застапени во јавната администрација, но не е тоа што треба да биде и затоа ни треба закон за тоа. Значи уште ова сакам да го кажам, која е специфичноста на носењето на ваков закон. Значи по сите нели демократски принципи каде што ние тежнееме европското законодавство не би требало да има вработување по етничка линија. Но, имајќи предвид дека во Македонија во минатото имаше дискриминација за вработување во јавна и државна администрација по етничка линија, нас ни треба ваков закон. Но и во делот на критиките кои се дека тој нема санкции, дека тој нели не е задолжителен не знам што. Значи сè додека има отпор на дел од општеството во Македонија за вработување на, во случајот на Албанци, на Турци, нели Роми и на Срби, другите заедници, нас ќе ни треба политички договор меѓу политичките чинители во владата за тоа да се најде начин како да се надмине. Значи не е само закон…
360°: Уставниот суд ја укина т.н. алатка „балансер“ и вие рековте „тоа ќе го замениме со нов закон за соодветна и правична застапеност“. Се подготви една верзија, отиде на мислење во Венецијанска комисија, се врати мислењето, законот се усвои на седница на Влада. И сега зошто ја стопиравте процедурата? Сфативте дека сепак тоа не е тоа?
Касами: Тука сакам да објаснам. Не, ќе оди. Значи сега помина во влада, ќе оди ќе се нели по процедура ќе оди во Собрание. Сакам ова да објаснам. Значи и досега иако имаше балансер кој нели на многу техничко ниво го решаваше до крај прашањето на правичната застапеност, имаше злоупотреба. Зошто имаше злоупотреба? Затоа што кај нас пред да се гледа на тоа дека секој од народите кој е дел од оваа држава ќе придонесе со нивното учество во државната и јавна администрација, сè додека гледаме „нашиот“ и „другиот“, нели, сè додека не ги гледаме работите дека ова е наша држава и сите треба да се поддржиме меѓу себе и сите треба да придонесеме за оваа држава, ќе ни треба политички договор за имплементација и на новиот закон и на претходниот балансер.
360°: Ќе има ли корекции во овој закон што помина на влада?
Касами: Па можно е да има корекции. Значи во Собрание сепак пратениците се тие кои ќе го носат законот и ќе одлучат.
360°: Во која насока преговарате со ВМРО да има корекции?
Касами: Не. Значи ние во делот на владата веќе сме го усогласиле законот и брзо ќе се пушти во Собрание, но ако во Собранието пратениците увидат дека може и треба да се направат корекции, тоа е право нели по Устав на пратениците. Сакам уште еднаш да потенцирам дека секој закон, дури и Уставот, за да се имплементира, треба политичка волја од политичките чинители. Ние тоа сакаме да го покажеме дека и во ова време кога немаше ни балансер ни закон, процентот на Албанците на другите заедници во државната администрација е подобрен. Значи поради тоа што ние имавме коректен политички договор во владата за сите заедници да се вработуваат по нивната…
360°: Прашањето е како, од една страна да се почитува уставниот принцип, темелната уставна вредност – соодветна и правична застапеност, а во исто време да се почитува и принципот на мерит. И тоа не е лесно.
Касами: Па затоа велам, значи во тој правец сега ќе имаме закон кој ќе биде и неспорно е на повисоко ниво од тоа што беше балансерот, алатката. И тука уште да потенцирам ова дека сепак за прв пат ќе биде донесен закон. Тој закон како и другите закони, ние не викаме дека е најдобар, дека е перфектен. После четири години, после осум години, кога и да дојде ДУИ на власт, ќе го има законот, нека го подобрат.
360°: Оти законот сам по себе нема да ги реши главните прашања. Треба да се формира некаква комисија па да се носи некаков друг документ на ниво на други институции, така што сам по себе законот не ги решава прашањата.
Касами: Па ни Уставот сам по себе не ги решава. Затоа има институции кои треба да ги следат Уставот и законите и да ги решат проблемите на граѓаните.
360°: Кога ќе се носи законот?
Касами: Се надевам дека брзо ќе оди. Тоа е процедура, не сум упатен директно, значи да не кажам каде заглави, туку во која процедура е во моментот законот, но тоа што го знае јавноста дека беше усогласен во рамките на владата и сега е процедура кога ќе се пушти во Собрание.
