Зад водечката тројка се пласираа скандинавските селекции – Норвешка (+1:37.2), Шведска (+1:40.8) и Финска (+1:56.5)
Францускиот тим во биатлон освои злато во мешаната штафета на Олимписките игри.

Ерик Перо, Квентин Фијон-Маје, Лу Жанмоно и Џулија Симон 24-те км ги поминаа за 1 час, 4 минути и 15,5 секунди.
Италијанскиот тим (Томасо Џакомел, Лукас Хофер, Доротеја Вирер и Лиза Витоци) го освои среброто завршувајќи 25,8 секунди зад водечките.
Бронзата му припадна на германскиот тим (Јустус Стрелоу, Филип Наврат, Ванеса Војгт и Франциска Пројс) завршувајќи 1:05,3 секунди зад нив.
Зад водечката тројка се пласираа скандинавските селекции – Норвешка (+1:37.2), Шведска (+1:40.8) и Финска (+1:56.5).
