Од опозициската партија велат дека ова е провидно сценарио и класичен дефокус, додека зад грб носат мигранти за пари во Македонија
Две недели откако британските медиуми објавија за скандалот оти ВМРО-ДПМНЕ договара прифаќање на мигранти во Македонија, ЗНАМ нема ниту еден став за оваа тема, како што не се произнесоа ниту за резолуцијата, исто како нивните коалициски партнери, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека иако изостанала реакција за овие важни работи, вчера ЗНАМ реагирале на изјави на пратеникот и заменик-претседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, што според опозициската партија претставува провидно сценарио, измислен судир помеѓу коалициските партнери, само за да ја дефокусираат јавноста и да побегнат од темата со мигрантите, додека во позадина се прават договори за нивно носење во земјава за пари.
„Зошто се случува сето ова? Затоа што нема пари во буџетот. Нема пари за плати, пензии, социјална помош, поврат на ДДВ, па дури и трезорот се затвора порано. Финансискиот систем е пред колапс. Зошто? Поради тендерските шеми и семејните бизниси со кои се пумпаат пари од граѓаните. Исто како во времето на Никола Груевски“,
рекоа оттаму.
Оттаму додаваат дека сценариото е смислено за намерно да се влезе во некаков конфликт, за потоа да можат полесно да распишат избори, по теркот на Орбан и на Вучиќ и оти не е случајно дека во јуни ќе пристигнат мигрантите.
„Сите кои се во договор со ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите, се во договор за предавство на Македонија – за пари. Да ја одбраниме Македонија. Борбата продолжува! Нема да ви поминат предавствата!“,
велат од СДСМ.
